Тогаш нашите војници го ликвидираа Алекса Брчето, го фатиле, наоружен и во фашистички облечен, како оди за да им се придружи, кај Германците на Чауле, а Анѓеле веднаш си ја прибра Митра назад, го распрчка гробот, ја откопа рубата и ја однесе во Одборот - за да ја благослови лично командантот на војската.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Набрзо потоа му се родија и внуките, Македонка и Пиринка, па тој, сиот угреан од радост, велеше: - Барем уште една да ни родеше; неа ќе ја крстевме Солунка, за сите три да ни беа заедно.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)