147. Македонија под српските кралеви, особено под Душана, имаше полна самостојност во внатрешните работи и тоа таква со каква што не се ползуваше ни еден друг дел од големата империја на Душана.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Воопшто не се калкулирала некоја промена на состојбата, при што македонскиот народ би бил обединет или самостоен или би имал некаква самостојност во рамките на некоја нова федерација, било југословенска било балканска.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Но неговата смелост, неговата самостојност во донесувањето на низа одлуки, судиите, кои не му беа наклонети, ја поврзуваа, наводно, со довербата што ја уживал, уште од времето на војната, кај Водачот на Републиката.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Балканските држави ја губеле самостојноста во очи и за време на големите географски откритија и економскиот и културниот подем на западна Европа.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Меѓутоа, реалноста на теренот, успесите на НОВ и ПО во Македонија во борбите против нацифашистичките окупатори не можеле да го остават рамнодушен британскиот премиер Винстон Черчил, кој од своите разузнавачки служби побарал да се пристапи кон анализа на она што се случувало во Македонија и да се испита можноста за испраќање агенти на СОЕ.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)