Ќе ја видиме новата постановка на Атеистичкиот музеј основан во 1967 година кога започнува атеизацијата на Албанија, како прва атеистичка држава во светот според Уставот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Ни даде визија за маргината како центар, за цивилизацијата како рог на изобилство на своето незадоволство, за културата како збир на нејзините отпадоци, стилизирани субкултури.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Некаде таму, зад вратите на рајот, тој е со Алегра. * „Третиот ден во неделата од месецот Сиван, 5701-та година од создавањето на светот според сметањето на времето, тука, во света заедница на Јехуда и Алегра, Господ нека ја заштити, младоженецот ѝ рече на девојката: ‘Биди моја сопруга според Законот Мојеев и Израилов.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Ќе ти дадам толку колку што им припаѓа на девиците, двесте сребрени зузими сребро, што ти припаѓа според прописот на Тора, како и храна, облека, сѐ што е потребно за живот и ќе ги исполнувам брачните должности, сѐ според општоприфатениот договор...’ Јехуда Давидовиќ го чита текстот на нивната кетуба16 составен според стар образец на арамејски јазик.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Беше тоа само момент, се разбира, но беше прекрасно да се знае дека еден хомосексуалец со работничко потекло од Питсбург може да го измени светот според неговата визија.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Темниот гламур на нејзината френезија за нас беше амблем на возможна сатурналија - како визија за робови во улога на господари, за американските книги, филмови и слики и музика, сѐ заедно, одеднаш, во прекрасна збрка, вон секаква трезвеност и непорочност, лудило или симпатија.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Светот настанал од влажен збор. (настанокот на светот според Догоните) во мигот на зачнувањето влажен е и воздухот и вагиналните ѕидови, температурата триесет и седум степени, умерено до значително облачно со услови за краткотраен дожд. никогаш не си земал часови пливање, но грбно ти оди добро. со секое проѕевање во матката по малку и голташ - протеини, јаглени хидрати, електролити и уреа. спокојно се нишкаш на тој воден кревет. како човечка рипка дремеш во мракот. потоа шок - со плач протестираш кога меурот ќе прсне и мокриот остров ќе се претвори во непрегледно копно.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)