свештеник (имн.) - во (предл.)

И не помина ни цел месец од злосторот, кога на Имотот достаса еден Акиноски, бил свештеник во Светогорскиот манастир, и тој ги презеде сите обврски врз себе - да ги чува и израсти децата, да раководи со Имотот и да ги плаќа давачките.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
– Да, по прогонувањето на апостолскиот претставник и двајцата стрелани бискупи, три години подоцна, тоа впрочем можевте прецизно да го утврдите и од изложеното пано, од 93 свештеници во служба во 1943 година, во 1952 година останаа 13 „верни свештеници“, а од 25 језуитски отци, и 52 францискански отци, 200 чесни сестри – не остана никој.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Зад сите нив пак, свештениците во црковните одежди.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Каде би нашле свештеник во ова време и за ова место?
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
На врв на сѐ, католичкиот свештеник во својата беседа рече дека бил со Борхес ноќ пред овој да умре, го исповедил и му дал простување на гревовите.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Борхесовото дело е чудесна творба, јазик чиишто бои се прелеваат, облик кој самиот се содржи, соголен приказ на историска стварност.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Борхесовиот агностицизам се покажа како уште една фикција?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тоа е исковано во онаа библиотека од која никогаш, според негови зборови, не се осмелил да излезе.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)