селидба (имн.) - и (сврз.)

Тој беше внесен во селидбите и нивните последици, толку внатре во себе уплашен дали ќе се вкорени во новата почва, зашто не беше лесно да се откорне семејството, со генерации врзано за една земја, да се приспособи кон животот во друга земја.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И сега молчиш во магијата на песната вљубен, во раката со благовест, и небиднината да те види среде маски, среде глоби, да не бидеш изгубен, тајната – света селидба и пристан да ти биде.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Потоа новите жртви на неговиот народ натеран на нови селидби и на светско расејување што продолжило и наредните векови од новото време.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Татко ми беше среќен што куќата имаше многу широки и длабоки долапи кои можеше да ги исполни со свои­те стари списи, книги, мапи, ракописи, спасени од неколку селидби и војни, пожари и поплави.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)