Нестанокот на храна по селата ги загрижи бимбашиите, а и им се досади цела зима по пустите мариовски села, та предложија сите четворица да ги прибере Бахтијар во Битола, бидејќи и така немаа никаква работа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И кој би бил тој толку будала зимно време да брка комитлак?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тргнаа право за Маково. Над селото ги проверија пушките.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И капетанот Мекдоналд забележал дека “Грците македонските села ги именувале како “бугарски“.355 Во однос на територијалните барања на Македонците, капетанот Мекдоналд истакнува дека тие “вкучуваат дел од Солун и северно од него“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Но една смрт во едно соседно село ги одвлече сите тројца на друга страна.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
А в село ги чекаше тврда земја, тврд живот.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
3. Близу едно село ги најдовме Струма Количковска и Воскресија Мукаетова.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тие села ги подвија вратовите и без никаква борба му се покорија на кадијата; ја признаа царската власт и се согласија да плаќаат вкупно – сите – сто илјади аспри годишно и да живеат, како што живееја дотогаш.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Триста и шеесет мобилизирани жени од преспанските и корештанските села ги извлекуваа ранетите од крвавото боиште.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
За да му бидат нивите пошироки наредил да се искрчат костените и сите селани од петте села ги натерал на тоа песукливо и неплодно место да си изградат куќи, конак за бегот и џамија.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
I Дождовите деноноќно врнеа; туриваа силно, поројно; не се знаеше што е небо, што е земја: споени беа, измешани, каша; урликаа реките, потоците, трапиштата, суводолиците; влечкаа од планините чакал, гнилеж, дрвја; се разлеваше водата низ селото ги поплавуваше дворовите, куќите, плевните, ќералите, кошарите, гаждарињата, бавчите, гумната, нивјето, трлата, елиците, стоговите, листовниците - поплавуваше сѐ; туфкаа луѓето не можејќи да излезат надвор, рикаше добитокот гладен, гракчеа кокошките бегајќи сѐ повисоко на кокошарниците и плевните за да не ги зафати водата што растеше; прегладнети удираа со клуновите по гредите и ќерамидите; кучињата пливаа низ водата влечкајќи удавени животинчиња за да се нахранат; гледаа тажно луѓето од куќите, од прозорците, гледаа во водата што растеше, во дождот што непрестајно паѓаше како да се истуриваше од некои небесни мориња; овошките во градините и дворовите стрчеа со ветките над водата како давеници што бараат помош; полесните предмети: сандаци, кошови, канти, каци и разно овошје, пливаа по водата, одеа каде што ги носеа брзаците.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)