„Македонци, браќа и сестри мои, и јас, полн со омраза, та жеден трагајќи да го изгаснам огнот нејзин во градите свои, мислев дека одам кон Дамаск, а вистината беше дека бесцелно лутав заслепен од гневот и од лутината свои.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Потоа ме гушна, со своите раце ја потпре мојата глава на своите гради, и рече: „Сестро моја…
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Одеднаш Тодор викна: „Еј, ене ги сестрите мои! Томе! Тина! Томе!“ и мафташе со раката.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Се сетив како во нашето детство ме бакнуваше в чело некако скришум, кога мајка не беше покрај нас, бидејќи му се потсмеваше на таквата нежност.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Сестро моја…,“ како со кажувањето на сродството да ја кажуваше сета моја судбина, сето она што го знаеше и не го знаеше, и плачеше меѓу изговарањето на сродството, го оплакуваше она што го искажуваше изговарајќи го тоа „сестро моја“. Ме бакна во челото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Јас, сестри мои, не сум дојдена да ви зборувам, туку да плачам, во плачот нема акцент”.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)