Кога ги изнесе Рајна пред мене можните и неможните претпоставки во врска со ова свое откритие паметам, убаво ѝ реков: „Подобро ќе биде да си ги прибереш фантазиите, Рајно!“
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Не, навистина морал нешто да преземе и да не дозволи синот негов некогаш, во огледалото, да ја открие насмевката на својот вистински татко.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Синовите негови, вклучително и посвојчето Григур, уште за време на неговиот живот, продолжиле со врските и зделките со Турците.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Зашто никој жив не може да го убеди дека синот негов бил педер, дека сам се обесил, и тоа на таков циркуски начин.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Баге заустува да му се спротистави: дека син му не е педер, дека е нормален, дека е женет, дека има дете, дека во нивната семејна лоза нема ни намек на самоубиствен ген, дека сета таа работа е наместена, изрежирана и подметната од некои мрачни сили што се испилија во овој наш плурализам (беше готов да плукне притоа, но во последен момент се воздржа), дека неговиот син е нивна невина жртва и дека токму тие како служба се должни да ги откријат, да ги казнат, а на синот негов да му го обелат образот, макар и мртов.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Суровост на Господа, во чија чест девиците опиени од дрогата и звукот на тапаните рамнодушно се фрлаа во бездната, тој, синот негов, ја наследуваше во генот, па неговите поданици ја примаа како боженски дар.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)