33 Измената на чл. 213-б која претходно регулираше дека сите 9 члена на Комисијата се избираат по предлог на Владата, а синдикатите и асоцијациите на работодавачите имаат право да определат свој претставник кој само ќе присуствува на работата, е директна консеквенца на Одлука У.бр. 263/2009 на Уставниот суд, кој нотира дека во ваков случај „одлуките за изборот донесени во Комисијата по својата суштина не би биле одраз на објективизиран пристап во одлучувањето на социјалните партнери во трипартитниот однос во економско-социјалната сфера во општеството“.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Одредени подобрувања во поглед на работничките права имаше кај следниве сегменти: беше проширена забраната за работодавачот при склучување на договорот за вработување да бара податоци кои не се во непосредна врска со работниот однос; дојде до зголемување на правата на работничките по основ на бременост, раѓање и родителство; се зголеми времетраењето за кое работодавачот исплаќа надоместок на платата на работникот за работа поради негова болест или повреди од 21 на 30 дена; се воведе можноста репрезентативните синдикати да именуваат три претставника во Комисијата за утврдување на репрезентативноста, а дојде и до незначително намалување на висината на глобите за синдикатите и нивните здруженија на повисоко ниво.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Според ЗШ (1991), како овластени организатори на штрајк можеа да се јават и мнозинството работници кои не се синдикално организирани, додека, пак, по ново, легитимитетот да повикуваат на штрајк го имаат само синдикатите и нивните здруженија на повисоко ниво т.е. сојузите (чл. 236, ЗРО/05), што се коси и со нашиот Устав 37 – бидејќи, во него, правото на штрајк и правото на синдикално организирање се постулирани во два одделни члена, односно како две 35. Закон за штрајкот; Сл. лист на СФРЈ, 23/91. 36.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Односно, до престанок на дејствување доаѓа кога „така ќе одлучи надлежното тело на синдикатот, односно здружението на работодавачите, кое со статутот е овластено да одлучува“ за ова важно статусно прашање (чл. 28, ЗИДЗРО/окт.09); г) исто така, за прв пат, а со цел јакнење на социјалниот дијалог во државата и усогласување на конкретните мерки што се преземаат во сферата на економската, социјалната и развојната политика, се пропишува основање на едно советодавно тело, без поголеми изречни прерогативи за самостојно одлучување – наречено Економско- социјален совет, чијашто дејност се темели на потребата за трипартитна соработка меѓу Владата, репрезентативните синдикати и репрезентативните стопанските комори, при решавањето на економско- социјалните прашања и проблеми (чл. 246-247, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Имено, стран(к)ите во спорот можат решавањето на колективниот работен спор, спогодбено, да го доверат на арбитража (чл. 235, ЗРО/05); 34 в) за прв пат се воведоа законски критериуми за репрезентативност на синдикатите и на здруженијата работодавачите – а тоа е тие, како свое членство, да имаат најмалку 33% од работниците вработени кај работодавачот (чл. 211-213, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Ако, пак, синдикатот и работодавачот не се спогодат, во рок од 15 дена од денот на доставувањето на предлогот на работодавачот до синдикатот – за определувањето на правилата за наведениве работи, работодавачот или синдикатот можат, во рок од наредните 15 дена, да бараат за тие работи да одлучи арбитража; г) наместо поранешната одредба, која велеше дека работникот кој учествува во штрајкот ги остварува основните права од работен однос, освен правото на надомест на личниот доход (чл. 13, ЗШ/91)– сега се предвидува дека на штрајкувачите, за време на учество во штрајкот, работодавачот е должен да им уплатува само придонеси од плата, и тоа само оние утврдени со посебните прописи на најниската основица за плаќање на придонесите – т.н. „минималец“ (чл. 240, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Активноста на синдикатот и на синдикалниот претставник не може да се ограничува со акт на работодавачот, ако таа е во согласност со закон и со колективен договор (чл. 186, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Работодавачите и нивните здруженија не смеат да имаат надзор над основањето и дејствувањето на синдикатите, односно нивните здруженија на повисоко 158 ниво, ниту со цел на таков надзор смеат да ги финансираат или на друг начин потпомагаат синдикатите и нивните сојузи (чл. 195, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Синдикатот и сојузите можат да бараат од судот да ја забрани дејноста која е спротивна на правото на слободно здружување на работниците.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Синдикатот не може да биде распуштен или неговата дејност да биде запрена по административен пат, ако е основан и ако дејноста ја врши во согласност со закон.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)