Отровна како мојава склоност на самоуништување.
„Курвите на ѓаволот“
од Елена Велјановска
(2013)
Бог сѐ уште игра значајна философска ролја во Декартовата, Спинозината, Лајбницовата и Берклиевата философија, но неговата улога е многу помала во Локовата, Хјумовата и Кантовата философија, кои се сосредоточени околу способностите и склоностите на човечките суштества.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Рада ја слушаше Снеже како со восхит зборува за склоностите на Виктор кои во целост се поклопуваа со оние на Томо.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Сликата ги покажува необичните склоности на неколку генерации на тогашното, политички толку хаотично раздобје во Европа: склоноста кон настраното, ексклузивното, екстраваргантното, скриеното од онаа страна но постоечко во рамките на физичката, „природна“ стварност, па и за издвојување од друштвото, тежнеењето кон една посебна аристократска позиција.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)