скок (имн.) - во (предл.)

Нојовиот ковчег, опустошен од кратковиден сон на луѓето во него, беше глув за далечните возови, за нивното пропнување пред скок во неипитаната ноќ.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Веќе беше истрчан низ вратата и веќе беше зел да го дроби тој снег, забиен со своите скокови во неговата длабочина и завиорен во еден огромен круг околу зградата на својата пилана, среде таа шума, чии што дрвја прилегаа повеќе на облаци од окит, а здивот веќе му збиваше во градите како триста тапани.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
ЕВТО: Да. (Пауза) Да. (Пауза) И? (Пауза) Ајде де. (Прави скокови во место.) МИХАЈЛО: Треба малку страст.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
И целата фигуративна уметност е апстрактна, во мера во која вклучува скок во имагинативното.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Што се однесува до Џоен, се согласуваат дека таа е заглавена во околината на второто П, со повре­мени враќања во Бес, или дури и Порекнување, и скокови во Депресија, но без ниту една единствена трошка Прифаќање на претстоечката смрт на својот партнер.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Но, тоа го прават под мошне посебни услови‌што создаваат специфично машко кодирање на нивната активност – како кога настапуваат во својство на спортисти или акциски јунаци или политичари.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Натпреварувачките спортови, да се фатиме само за првиот пример, може да уживаат поинаков родов статус од оној на театарската изведба и, како резултат на тоа, да се здобијат со поинакво општествено значење, токму затоа што мажите што се гледаат како играат спорт треба да прават нешто, а не само да настапуваат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ова особено важи за тимските спортови, каде што играчите не ги гледаат поради нив самите, не како предмети на интерес самите по себе – како оние во гимнастиката и скоковите во вода, каде што спортското натпреварување лесно подлежи на обвинението дека дава проѕирен изговор за упадливо себепокажување и каде што затоа мажественоста на учесниците може полесно да се оспори.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Несоницата е гимнастика на јоги, јога на нога, папуча под столче, скок во кратерот – до дното на шишето.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)