слика (имн.) - бев (гл.)

Сѐ личеше дека гостите: како со трчање, набрзина, да заминале испивајќи го вкусното вино до последна капка. Сликата беше лажлива!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
И иако ништо крволочно не беше имплицирано во бледите преливи со светлина на боја на лаванда во чиешто прикажување сликарката на „Баричката роса“ толку уживаше едно августовско утро, тој поглед насочен од нивната тераса кон соседната куќа, во која - една вечер откако сликата беше завршена, можеби додека уметничката и нејзиниот сопруг ги посматрале метеорите од својата тераса - младата разведена мајка на две деца ја врзал, силувал и пљачкосал по зло прочуениот „Изолирбанд силувач“ од Вилмингтон и околијата, кој и понатаму е на слобода.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Се колнам, тој час ги видовме сите мили слики, сите изгубени слики беа вратени, секој предмет пак си беше на своето место. Сѐ, сѐ беше вратено, дома.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ме обзеде силна возбуда кога крај сликата беше објавен фрагмент од романот Времето на козите (Il tempo delle capre), објавен на италијански јазик во превод и со поговор на професорката на Неаполскиот универзитет Марина Џавери.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
На пример, за време на првата Заливска војна, тој проектираше слики на скелетни раце, од кои едната држи митралез, а другата пумпа за бензин, врз Arco de la Victoria во Мадрид, заедно со зборовите „Cuantos?“, на тој начин „прашувајќи колку? (цената на бензин) но и колкумина? (бројот на жртви)“ 145.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Сликите беа проектирани врз тријумфалната капија во слава на победата на Генералисимусот Франко во Шпанската граѓанска војна.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
На ова место му даваме збор на Виланд Шмид: „Од самиот почеток неговите слики беа презаситени со прозори и една од најубавите од 1962-та г., која денес се наоѓа во збирката Абербах во Њујорк, се вика „Илјада прозори“.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)