Ние точно така и постапивме, но другарот Пене, кусо време по нашето сместување во скривалиштето каде што јатакот не снабдуваше со храна и информации појави опасна недисциплинираност.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Во услови во коишто конкретната содржина на десната екстремистичка политика од поодамна е дел од владеачката идеологија како и на институционализираната, значи државна, политика, постоењето на нешто „уште поекстремно“, „уште подесно“, служи само за легитимирањето на државната десничарска политика како умерено центрумашење, за нејзиното полагодно сместување во онаа пренатрупана сива зона во средиштето на политичкиот спектар.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Сите беа свесни дека Рада уште одамна ќе заминеше со Томо да не беше во прашање случајот со Ана, која по секоја цена го избегнуваше сместувањето во некоја психијатриска установа.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Нејсе, во агендата на седумдневниот одмор што си го дозволивме, со сместување во стан во центарот на Охрид, едниот ден беше предвиден за посета на истата Горица.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Иако луѓето мислат дека e-mail комуницирањето е нешто што те изолира, заковува за екранот, со самото негово сместување во еден социјален контекст каков што е кафето, изолацијата се намалува.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
По сместувањето во логорот, со писмо се јави дома колку да извести дека е здрав и жив, му напиша едно писмо на мајсторот Ратко во кое му се заблагодари за заемот и му вети дека парите ќе му ги врати.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)