смисла (имн.) - дека (сврз.)

Ми се чини дека визуелниот јазик на Маус е многу затворен - во споредба со другите ваши дела, во смисла дека стремите кон изглед што е штедлив, концизен, дури примитивен.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Виртуелната реалност преминува во телеприсуство кога сте присутни од некое далечно место - „присутни” во смисла дека вие сте свесни за тоа што се случува, ефективни, во состојба да ги извршувате задачите по пат на набљудување, досегање, фаќање, движење на објектите како да ви се на дофат и како тоа да го правите со вашите сопствени раце.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Овие сетила не се адекватни за прием на уметноста, бидејќи во смисла на Hegel-овата естетска теорија, уметничките предмети се релативно самостојни, што значи дека им бегаат на сетилните односи.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тука недвој­бено се работи за импликација на Hegel-овиот панлогизам и врз естетското под­рачје и тоа во смисла дека за уметноста е суштествен правиот преод низ духот, што значи дека мора сетилниот елемент во уметноста да биде продуховен.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Да бидеш присутен некаде а сепак присуството да е по пат на далечинска контрола значи да си таму виртуелно (!).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Така, во примерите на планетите и нишалото се подразбира физичка детерминираност, во смисла дека е можно да се предвиди идното однесување на овие системи врз основа на нивното минато.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Геделовата теорема за некомплетноста вели дека ако се тргне од конзистентни аксиоми и ако се применуваат правилата за изведба, тогаш множеството теореми што можат да се изведат ќе биде некомплетно во смисла дека ќе останат вистинити теореми кои не се докажливи.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Гедел (Goedel) 1931. год. проучувал логички системи кои биле адекватни, во смисла дека имале доволно експресивна моќ да ги изразат вистинитите тврдења во аритметиката, независно од тоа дали можат да се докажат, и кои биле конзистентни во смисла да не може во таков систем да се докажат и некое тврдење и неговата негација.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
П.В.: Мистификатор без доволно уметнички знаења, тој твој Хофстетер, но добро, интригантен во смисла дека придвижува теми, инаку прилично досаден гледано чисто стилистички...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Студентите, било геј било стрејт, кои пред тоа не се сретнале со токму тие материјали, на тој начин би се „иницирале“ во машката геј- култура – во конкретната смисла дека за првпат би се вовеле во неа и би им се дала можност да ја запознаат, да ја сфатат, да ја искусат и да се идентификуваат со неа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Можеби не бил баш совршен грамофон во смисла дека би можел да ги репродуцира сите можни звуци.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
А: Фино,фино... можеби тоа е некакво објаснување.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во Њујорк повторно се доживува чувството на слава, во смисла дека се чувствувате овенчани со енергијата на сите - што, за разлика од Европа, веќе не е мрачна глетка на промена, туку естетска форма на мутација. превод: Катарина Мандариќ и Г.Н. Ом Макс Ернст okno.mk | Margina #10 [1995] 67
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Конфронтацијата всушност е впишана во сама­ та етимологија на зборот ‘frontier’, во смисла дека таа е секогаш фронт на нешто, дека е секогаш сврте­ на кон нешто/некого (против нешто/некого). 32 Конфронтацијата изгледа неизбежна, имајќи предвид 30 Harvey Starr, “International Borders: What they are, what they mean, and why should we care,” SAIS Review 26.1 (2006): 8. 31 Ibid., p.8. 32 Pjero Zanini, Značenja granice: prirodna, istorijska i duhovna određenja (Beograd: Clio, 2002), 21. 30 дека фронтот не е фиксен, може постојано да се поместува, бидејќи границата е вештачка, а не природна креација.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)