смрт (имн.) - се (зам.)

Веднаш знаев оти овој пат смртта се престорила во мојата сенка, а јас сенката си ја испив.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Типичен апологет е Ристо Шишков, актерот со кој за време животот малку сакале да се ракуваат, после смртта се претвора во апогеј на македонското глумиште за сите времиња.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Под еден куп камења Смртта се претвора во сон
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Невидливата смрт се доближуваше од мрачното небо а тој не можеше да ја прекине операцијата и им веруваше на своите раце.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Вие умирате, а тие се богатат, вика, на вашата смрт се богатат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Никој не појде по ветки да го засилиме пламенот и да се згрееме, сите сакаа да бидат поблизу до последното трепетење на пламенот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Никифор Ганевски рече: „Не верувам дека по смртта се оживува. Од варено зрно не никнува пченица.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Издржи го засркнувачкото голтање на фалусот на смислата лизгавото освојување на бескрајот во овој мал дел од времето во кое смртта се лечи од комплекс на ниска вредност и се докажува врз јазичето на живите и кога затвора и кога отвора.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)