Овој снег надвор ѝ беше претходник на цибрината, тоа таа намавнуваше со своите пепелави поли, сега требаше да ја очекува неа.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Јадеа долго, бавно, со задоволство, додека снегот надвор продолжуваше да си врне.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Високиот снег надвор беше стврднат како чкор, а месечината така блештеше врз него што се гледаше сета нечистотија со која белината беше испрскана во деновите додека нов снег не паѓаше, а стариот не се топеше.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)