Совпаѓањето на самото презиме како презиме не би морало многу да значи, зашто постојат толку исти имиња и презимиња.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Ги чувствуваше сега тие два живота како две напоредни линии, кои ниеднаш не се приближиле ни за една сламка и кои беа секогаш осудени да остануваат најдалечни една од друга, колку што било возможно тоа, колку што го позволувал тоа животот во едно заедничко време и во едно село со доста честите совпаѓања на судбините.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Кај таквите светови (всушност се работи за environment-и, обликувани со компјутерска графика) доаѓа до совпаѓање на вистиностните со естетските мерила; што се поубави пројецираните светови, толку повеќе се вистинити.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)