Започна, на свој начин, да го интерпретира и да го замислува нивниот сон според кој, доколку се комбинираат до бескрај една завршена, одредена серија од букви, односно знаците на една книга, би можело, еден ден, да се открие името на Бога, односно неговата тајна.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Некои ненапишани песни
извесно време се по патничките торби
на пазар, за да се издвојат симболите од цените
меѓу нераскренатите здолништа
и мирисите кои исчезнуваат
меѓу каишите разлабавени како случајни желби
меѓу знаците за распознавање
заштитени со поединостите од сонот
според ноктите, грбот и забите
според нозете и легенот
го менуваат описот на младоста
и се подготвуваат еден ден
под којзнае кој агол
и облик
да се јават
:
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)