Излегов на балконот, и видов како во вода се претвора снегот на столот на кој некогаш седеше мојата мајка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Сонцето почна да бега зад ритчето, а јас не знаев ни каде се моите.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Неколку дена потоа бледото февруарско сонце почна да го топи снегот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тукушто поминаа дождовите и сонцето почна да ја грее земјата, да ја вари како во казан, стаса поморија по рибите: осамна езерото со илјадници збрлавени риби што водата ги изфрлуваше на брегот; скокаа рибите низ песокта, прпелкаа се превиткуваа, замавнуваа со опашката, ја тресеа главата, ја закопуваа во песокта за да ја столчат, да прекинат со овие грчеви; умираа со подзинати усти, со испуплени очи; од мевот им се цедеше недоисфрлената икра.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
А кога задуваа утринските ветришта и сонцето почна да изгрева, собрав храброст, Височество, и скокнав удолу.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Кога сонцето почна да се спушта кон Гола Глава, Бојан го прибра добитокот.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
ОТСТАПУВАЊЕ
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)