сонце (имн.) - во (предл.)

Ќе влезе сонце во собата!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Црешите нека ги јадат чавките! 11 февруари, 2010 година Наташа
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
ВО ОВИЕ априлски студеникави дни Варна малку личи на оној распеан, расцутен град, завиен во зеленилото и полеан од жешкото сонце во летните дни, во сезоната на туризмот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
А сега, повторно во твојот роден град, во Клубот на уметниците исполнет со твоите бои, на твојата секогаш преполна маса (на ококорените сомнителни очи) не покажувај им го сонцето во десниот џеб од панталоните, ниту пак жолтите облаци во шлицот.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Сонцето во полето на памукот го обра бостанот.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Отворањето на ново соѕвездие – тука во соседсвото. Шпагите на патиштата, заоѓањето на сонцето во евтино шише рум.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
А научив и по тоа што на тој ден дома беше вистинска збркотница: уште во рани зори стануваше мајка ми, нѐ будеше сестра ми, мене, дедо ми и почнуваше она што севезден го проколнував: ги тресевме постелите, ја менуваме сламата од сламарниците, се пентаревме на столови и со метла мавтавме по ќошињата кинејќи ја пајажината, роневме пченка и толчевме исушени пиперки, ги вадевме добичињата да се топлат на сонце во дворот, трчавме по кокошките за да ја фатиме онаа што носеше јајца во туѓа плевна и на која дедо ми уште одвечер ќе ѝ донесеше пресуда зборувајќи дека такви лиоти не би требало да се држат дома.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
А се помни, не дека не се помни, дека кутриот војник Мансо де Легисамо една ноќ под јасна месечина изгубил на коцка цел еден златен ѕид од Храмот на Сонцето во Куско, што му бил доделен како воен плен.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Адолфина, паулина, марие и роза - сал една би била вишок во драмата на чехов а сите се отпишани од тефтерот на брат им зигмунд фројд отла и кажува на адолфина дека ги довеле во логорот во терезин и дека е најдобро тука да останат што подолго отла и кажува на адолфина дека храната е еднолична, катаден супа од леќа а попатно и спомнува дека има брат по име франц кафка адолфина веќе почна во себе да го портретира кафка мачејќи се во шеширот да му ја смести ергенската несреќа - во бараката на трудниците несреќата има друго име во предвечерјето на смртта и без месечина јасно се гледа дека црното млеко не е поетска измислица под црно сонце во црна темница четирите сестри на зигмунд фројд спокојно го чекаат црниот воз кон невратот рано в зори и не го забележаа брат им зигмунд како нервозно се тртка лево-десно на перонот пред да си ја испрска совеста во ѓолчето од сестрински солзи.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Сега се будеше со сонце во лицето, но само испотен до вратот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Купена куќа, прошетка, роба, купено време со туѓа болка, не дава среќа, не вреди, вредност нема, а само празна слика копија на оној кој гинел, само отсјај во огледалото, одраз блед на сонцето во туѓ поглед кој многу чинел.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Она неизговорено: те сакам, мило мое сонце, со сонце во очите и невино срце.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Кога студентите не ќе дојдеа на широчината, кон пеењето на добродушното, секогаш насмевнато момче му се придружуваше усната хармоника на црниот Цветан. боликаво дете со испиено лице и трескави сонца во запалените зеници.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
По ламаринените покриви се прелеваа светлите фатаморгани на сонцето, како треперливи бакарни светулки чиј отсјај создаваше илјадници сонца во очите на набљудувачот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Едната ги собираше пребегнатите од Корештата кои со се што успеале да понесат од дома гореа под жешкото сонце во Врбник и на приодите кон Билишта.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Мислев, да не мислам повеќе знаев, неспремно ќе го дочекам денот посакувам парче среќа во злобата ко изгубен зрак од сонцето во снежен метеж...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
А во него, детенце, постоеше и една игра за тоа дека сонцето во нив е еден разигран и разбеснет лав, со сето свое здравје околу нивното градилиште, што одѕвиваше од смеење.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беа неколку буки, само неколку високи буки со нивните ветки, испрскани со чести пупки, родени под тоа сонце во зимниот ден.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Полека почнуваше да ги сонува како наизлегуваат од некоја страна и како се нанижуваат по рабовите на високите сртови, оние познати врвици дивокози, една од оние нивни низи, што го пречекуваат сонцето во една таква синџиреста прошетка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Бајонетот натакнат на пушката се наклонува час напред час назад во ритамот на чекорењето, одблеснува сонцето во него и стражарското лице, зажарено од залезот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
го врти ко пергил, ко шупливо оревче, далги ко куќи, ко ридови, небото го досегаат и тогаш многу повраќавме на бродот, ете, си велиме наспроти глава ни било трчањето, ама враќање нема, гледаш само вода и сонце, сонце над водата, сонце во водата, ѕвезди над нас и ѕвезди под нас, мислиш си залидал некаде во небесата, меѓу секавиците што се палат,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Блеснува сонце во штитот на принцот, а ламјата ослепена паѓа на земи, од убодот на мечот вител.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Сега замислете го следното сценарио: Јас секогаш си ги оставам наочарите за сонце во спалната (А) или во кујната (Б).
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Понекогаш кога ќе беше сам, кога ќе ги чекаше другарите да излезат од училиштето, од здодевност не знаеше што да прави, та често скокаше да си ја прескокне сенката; кога ќе влезеше сонцето во облак, чекаше да излези за пак да продолжи.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Се сети: кога еднаш на еден свој пријател му рече дека науката не го занима, не знаеше - еднаш (во овој ден) тој ќе ја презира таа наука, еднаш (денес) стегнат во избледена кошула за опасни лудаци ќе почне да се плаши од затемнување на сонцето во својот мозок.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Многу минувачи се чудеа како можеше во таа континентална клима под Пелистер да вирее едно растение на кое му треба топлината на медитеранот, а таа, мимозата, таа се хранеше од топлото македонско сонце во летните горештини и љубовта на ќерките на Таки мумиџијата кои ја негуваа со огромно внимание.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
На главната врата од резиденцијата, во авенијата на симетрично наредените палми, живи каријатиди на медитеранскиот пејзаж, го сретнав градинарот Раиз, како си го завршува работниот ден.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Раиз, човекот со кралско име, врсникот на Бургиба, си го заокружил денот со изгревот и залезот на сонцето во Картагина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во далечината се руменееше небото од последните зраци на сонцето во залез, последните зраци се пробиваа низ процепите на палминото лисје.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Наближуваше пладне. Сонцето силно припекуваше. Пријатно сонце во рана пролет.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
А другите ене ги исповрзани како мечки каде дремат на сонцето во дворот. – Аферим, аферим, бре синковци, ашколсум, по сто-пати аферим кога ја свршивте и таа работа – не можеше стариот кадија да ги нафали победниците и да се нарадува на нивниот успех.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Како што си замислувам тоа се леќи на спуштање, слично како кај очилата за сонце во безболот, што ги употребуваат играчите вон игралиштето.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Се печеа на сонцето во жешко време, се пикаа еден во друг кога ќе застудеше навечер, се покриваа со ќебиња и мутафи кога ќе заврнеше дожд и стануваа жива вода; кога ќе заплускаа громови крај нив, се крстеа и го молеа бога да ги одминат; дење ловеа риби, ги следеа со очи облаците кои се згуснуваа и разретчуваа, го гледаа нивното престорување во некакви чудовишта и нагаѓаа ќе има ли дожд или не; го гледаа сонцето кое час се заплеткуваше во облаците, час подизлегуваше за да светне и да покаже дека е тука; ноќе пред за заспијат гледаа во ѕвездите, кои како што одминуваше ноќта, сѐ повеќе се намножуваа и стануваа поголеми и како да се спуштаа надолу; ја гледаа месечината која секоја ноќ се тенчеше и го изоструваше својот светол срп триејќи се од облаците; го слушаа секој шум на водата што во ноќната тишина јасно се разносуваше час потивок, чад посилен и по него дознаваа дали езерото ќе се вознемири или не.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Јас гледам само одблесок од сонцето во срчите.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
шумот на ветерот или како драматичниот гурманолет станува историја ... кога водачот јавнат на столица пеејќи борбени песни за ноќните коњаници место следбеници слуша еребици зошто одамна не каснал дивеч туку мора секојдневно да џвака леб сирење и пржени пиперки кога сиот озарен довикува да ги стават во сос со кнедли тие следбенициите веќе сто и еден ден пред портата (тука водачот слуша торта и се облизнува над единствениот вкус на детството)во секој зрак што се одбива од полуразурната куќа на старецот откриваат нов збор а оној меѓу нив што го одредија да ја пренесува светлината занесен го носи сонцето во сонот и во здивот што го топли како со него да дишат далечните претходници...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Нивните крлушки блескаа на сонцето во сребрена боја.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Тој што го прескочи Светото дрво Беше од таа страна на сонцето Во долина на вечен студ и темно. . . . . . . . . . . . . . . . . .
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
- Нумо покажа со глава кон планините од каде сонцето во претпладнињата им биеше право во очите.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
„Го фрлив својот крај од нишката. Ги растопив ноќните сонца во крвта“.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
3. немир Но веднаш доаѓа нешто што личи на превез од плач оти е многу густа поплавата од изневерени спомени па долго треба да рониш додека се уловиш себеси – шкољко од премногу лажни и премногу ретки бисери Оти е голем тој град со огромни риби од улици што безредно пловат по немирното езеро од сонце во кое лесно би можел и безразложно да се изгубиш
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Леле, колку би сакал да потонам во твојата топла прегратка во која кога студи во Москва каде-каде подобро ја разбирам тагата на Константин Миладинов и збрлавените сонца во неговата глава.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
И сè се одвива тука во центарот, во него ништото се збило... каде што тешко може да се контролира поаѓањето на тој подгон: „Секој нов живот е нова ѕвезда, сонце во церството свое...
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Имаше парче сонце во себе како жив вулкан се движеше брзо!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Границата која не можеше да го раздели најубавиот залез на сонцето во езерската земја.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Децата на светот Косоокиот Чук Нам, рибар од секната река, на сонце во Виетнам болувал и ни болничар ни лекар да му пријде не позволувал.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Боже!!! А кога таа се моли, кога таа се крсти, кога таа подига очи кон небото – кога светлината сончева и светлината од малендавото маслениче и го осветлува лицето, ох, каков отсјај има сонцето во нејзините очи, а молитвата нејзина - простодушна и срдечна, нескриено вознеслива и занослива, се чини Господа ќе го симне од небо...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Како седи на сонцето во зоолошката градина, на една клупа покрај езерце со мовест водопад во центарот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во езерцето има лебеди.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Си ги затвора очите и го мириса бебето и се одлучува да го крсти Лебед.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Мајката Роса со две сонца во човечињата на очите, зацрвенета и сериозна, нејзините сестри близначки Сава и Танаска со по една момичка исти како и помалечките на Роса, трите нејзини ученички, Милка со две машки и нејзиниот маж и се разбира, Деспина, бликната од радост ама и од едно чувство на страв што ја мати радоста.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ноќта бргу падна, сијалиците го заменија сонцето во одајките и додека вечераа во кујната, со нурнат поглед во чинијата со манџа Пелагија го откри Егеецот Димостен, Влав од селата на Кожув Планина, човекот со дрвената нога, со убавото лице, со благиот глас, со косата што паѓа врз очите, рече додека тој се биел против фашистите со партизаните, го запалиле неговото село, со другите куќи изгорела и неговата куќа, ама во неговата куќа била неговата жена и деца и оти далеку во други планини со бојови зафатен за несреќата дознава дури кога и тој останал без една нога а се лекувал тука близу Скопје, во партизанската болница Катланово.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Зошто ми е живот лишен од слобода да тлее во некоја темна ќелија на Еди-куле, или да се стопи под жешкото сонце во Сахара? не, претпочитувам да умрам!
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)