Црвениот плоштад и онака е црвен од цвеќиња
Ренесансата е изговор за еретиците
но се вклопува во куќниот ред на Инквизицијата
во нашата допуштена и официјална дијабола
нашата настраност и смисла за Анатема
можеби сме мали и смртни
можеби без престан се вртиме
околу себеси и Сонцето
а светот е некој непознат Infinito
но барем имаме сопствен пекол
и одбираме кого убиваме!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
12. Да пукнам одамна не сум имала толку долг отпочин И ќе заборавев на сонцето што изгрева на исток А и тоа галиба имаше нешто со Македонците И сонцето било ѕвезда велеле Македонците Бре бре како никој да не знаел што било сонцето А за ѕвездите допрва ќе се разјаснува Дали Македонците мислеле повеќе на ѕвездата од Вергина Или на ѕвездите од европскиот бајрак
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)