срам (имн.) - мене (зам.)

„Како не ми беше срам мене клетата“, си велеше, „да седам: онаму на патот и да го исчекувам да ме стигне.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
„Знам дека не може да се мери ужасот на срамот со ужасот на губитокот,“ пишуваше, „но срамот мене секако би ме убил, а и на детето кое би го родила не би можела да му овозможам вистински живот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не би можела да го одгледам онака како што ти нѐ одгледа Херман и мене,“ ѝ пишуваше на својата мајка, „не би можела да го сакам онака како што ти нѐ сакаше нас, ниту да се жртвувам за него, како што ти се жртвуваше за нас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)