Овој дел од играта особено ѝ годеше на Лилица која, како шалтерски работник во Јавното претпријатие за железнички транспорт, со часови го вјаваше столот кој по средината имаше вградено цврст федер, веднаш под сунѓерот прекриен со дебело кадифе во вишнова боја.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Тоа беше жолтеникаво платно отпечатено со црвено, а на средина имаше црн крст.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Еден посебен дел на кој во средината имаше стара количка, целиот беше цветен.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Застанавме на местото викано Вишомо, од каде се шири мала возвишеност во чија средина има црква. Околу неа – празно.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Се зададе пред нив распосланиот одред на партизани пред кои на средина имаше оган со голем лонец...
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)