Сета околина како да беше изместена од својата природност, од својата обичност, па беше оставена во некој друг, непознат крај, во друга средина и други климатски и релјефни услови.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Отфлања од средината и јавно бележење? ... На ова нешто бев одамна свикната и без да направам реален престап.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Работодавачот мора работниот процес да го прилагоди кон способностите на вработените, при што работната средина и средствата за работа мора да бидат безбедни и безопасни по здравјето, земајќи ја предвид природата на работа (чл. 10, ЗБЗР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Жените ме земаат в средина и пеат: ,Прашчај, прашчај"... им се навлажнуваат очите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Работодавачот е должен да планира мерки и средства за обезбедување развој и унапредување на безбедноста и здравјето при работа и за менување на постојните технолошки процеси со помалку опасни, односно со побезбедни процеси (чл. 8, ЗБЗР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Од таванот украсен и ишарен во средината и на четирите ќошиња со длабока, на орево дрво, изработена резба, висеа големи гроздови миск, лисиче, каланпарај и друго грозје зачувани уште од есента, повеќе за личнотија, бидејќи за јадење се пазеше во мусандрите одбрано грозје.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Тука е и инженерот Александар, повоздржан е, таков му е карактерот, но пресреќен е што се нашол во средината и во настан за кој никогаш не помислувал дека може да се случи.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Таа потреба се должи на неколку факти: - прво, на фактот дека расказот е книжевен вид во којшто се отсликуваат моќни и заводливи слики на светот; - второ, расказот е простор на свежи и живописни слики на современиот свет, па поради тоа е актуелен и алузивен, некогаш хумористичен и ироничен; - трето, расказот како жанр, стилски и јазично, е отворен за уметничко играње со сеќавањата, со имагинацијата и со мечтата на човекот (фантастични, чудесни и лудистички раскази); - четврто, расказот е облик податлив за различни и за широки читателски популации, затоа што од една книга на добри и одбрани куси раскази не се очекува да биде прочитана одеднаш како неделива целина, туку со паузи, а од секој расказ се очекува да биде прочитан во еден здив, со читателска страст и сласт; - и конечно, расказот како книжевен вид е сензибилен на промените во општествената/културната стварност, што влијае и самиот расказ да биде променлив по форма и по значење, потем да се популаризира во нови средини и меѓу новите генерации.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Временската линија на традиционалното пишување овде исчезнува во простор сличен на природниот, или во безизлезен лавиринт со почетоци, средини и краеви кои што веќе не се дел на моментно (непосредно) излагање. 70 Margina #1 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)