Зборот некажан од уста го вадиш, во срцето мое дом за навек градиш.
„Од дното на душата“
од Александра Велинова
(2012)
Ќе остане болната „празнина во која до пред миг лежеше срцето мое“.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Ме болеше празнината во која до пред миг лежеше срцето мое.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Оти како можев да признаам дело зло мое, кога по налог туѓ, под принуда, а не од срцето мое извршено беше?
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Се разбира, не го сторив делото што од мене се бараше, иако уката на Лествичникот за криење на украдени нешта сосем го згрози срцето мое и ми ја извалка душата, со самото тоа што ја слушнав.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ако сум го сторил тоа, тогаш има ли мерка злото што срцето мое може да го стори?
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ме одби мене за свој дом, не ме настани во Него, и не се зарадува срцето мое во Господа; и Господ ме остави од денот кога дојде мојот душогубник, оној кој конечно ме фрли во страдање и несреќа: Филозофот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Срцето мое не знае што е светлина.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Еј, Пупи Паф, срце мое, во рудокоп ќе се виткаш.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Од челата им се цедеше пот.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
- А оној Мартин „ди Каприо”, што ќе кажеш за него, срце мое? – се осмелив да го прашам. – Ако веќе никогаш не го видам?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Многу ми се допаѓа, ти тоа најдобро го знаеш.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Доживев и јас бескрајна радост, срцето мое песна да пее, за овој празник - нашата младост ко силно солнце што во нас грее!
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
Во текот на еден живот човековото Јас е обликувано од искуството онака како што каменот е обликуван од морето во текот на многу столетија; Јас е центарот на гравитација на сопствениот универзум, тоа е чувството за себе и светот; тоа јас го издвојува човечкото суштество од светот, но и го поврзува со светот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
О, ти ќерко на етерот! Појави се од градината на татко ти, па ако не можеш да ми дариш овоземна среќа, тогаш ужасни го, о ужасни го со нешто друго срцето мое. Хелдерлин: На надежта. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Сал срцето мое, ко сибирска зима, во пекол ќе чмае, ќе мрзне од очај...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Утредента тројцата браќа ги префрлиле преку рамо токмаците и казмите и тргнале накај кулата.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Кога, одеднаш, го чула како блада, покривајќи се преку глава: ’Срце мое, срце мое во градиве мои, брзо ќе се спасиме...
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)