срце (имн.) - забрзано (прил.)

Нашите срца забрзано биеја. Во овие мигови на раѓање се плашевме од смртта.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
„Ех, да е мама, да е дедо... Како би се напил еден чај! Како би било убаво...“ мислеше, чувствувајќи како телото му гори, како срцето забрзано му чука, како повремено и мислата му затемнува.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Богуле ѕиркаше низ цепот од вратата и ги гледаше што прават и му врвеа возбудливи трпки по телото, срцето забрзано му биеше, здивот му запираше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)