Со стап ги брка.
„Курвите на ѓаволот“
од Елена Велјановска
(2013)
Тоа се отскри на тој начин што братучедот на Тодета, Јован Јанкулов Акиноски, некаде приквечер (се вратил од поле и дознал дека е Тоде затворен а дека Тодејца доа ја „сослушуваат“ офицери) со силна викотница, со пцости и со стап ги спопашка низ сокаците Куцарова и другите, а тие напиени, распојасани и поревнувајќи се се разбегаа на сите страни, пукајќи со револверите наслепо.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Имаше дури и такви, волари и овчари, кои. од падините на ридовите и во усекот, со камења и со стапови ги напаѓаа возовите, дека биле српски и дека, божем, им ги плашеле говедата и стадата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Не им чинеа на времето грчките попови, им се смачи од нив - со стапови ги истераа.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Малечкото огледалце обесено на шајка од десната страна на пенџерата го има превртено опаку за да не може да ѝ го враќа преправеното кадро, а ни природните огледалца од барите не ги оставаше да ја примат и да ја повратат, туку веднаш со чевелот или со стапот ги растураше.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)