Ја нема живината и гудината што се брчкаа во браздата, ги нема водарките, чупите и редовниците, ги нема децата што клекнати покрај купиштата ѓумови и стомни ги чекаа сестрите или мајките, ги нема старците поседнати од камењата пред портите.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)