Ако тоа го бараат посебните околности на случајот, а особено ако тоа е потребно за одлучување по предлогот за определување на привремена мерка – судот веднаш, а најдоцна во рок од три дена од денот на приемот на предлогот, ќе закаже ро- чиште за расправање по предлогот и ќе нареди примерок од тужбата да му се достави на тужениот (чл. 269, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Фонче откако ја прегледа куќата од Китан, вртејќи ја главата како да не верува дека ова е случено со неа, во тужбата наведе дека куќата е оддалечена 150-200 метри од каменоломот; дека кога ја изградил Китан, тужениот Танаил, не вадел камења со експлозив, ами рачно; дека од тие експлозиви куќата добила пукнатини кои со време сѐ повеќе се шират и дека се заканува опасност куќата да се урне; куќата кога ја изградил немала никакви пукнатини, а за тоа можат да посведочат мајсторите што ја граделе; и затоа бара од судот веднаш да му забрани на тужениот Танаил да употребува експлозив и преку вешто лице да направи увид на штетата на куќата и да му ја плати на тужителот.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Ако има потреба од преземање на дејствија за уредување на тужбата, тужбата ќе биде доставена на одговор во рок од осум дена по преземените дејствија.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Кога ќе се одложи рочиштето, судот веднаш на присутните ќе им го соопшти местото и времето на новото рочиште.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Новото рочиште ќе се одржи во рок од најмалку осум дена, односно во рок од најмногу 45 дена од денот кога рочиштето било одложено.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
5. Тужбата со прилозите се доставува до тужениот на одговор во рок од осум дена од денот на приемот, доколку не е потребно да се преземат дејствија на уредување на тужбата и наплата на судската такса.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)