судбина (имн.) - треба (гл.)

И навистина: Луција од мене бараше да бидам циркузант не затоа што таа, туку нејзината Партија го сакаше тоа; Ина бараше од мене да бидам кловн (со видлива дарба за еквилибристика) не затоа што тоа ќе ѝ донесеше поени во циркусот, туку затоа што таа уживаше во моите глупости; се смееше како никогаш ниедна жена на светот; се смееше како што Луција, мојата Луција никогаш не се смеела, не се смее, и ниту не ќе се смее, иако според својата судбина требала да се смее, што не би можело да се рече за судбината на Ина; и јас реков: „Со задоволство, Ина. Со задоволство ќе го сторам тоа.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Меѓутоа почитувани другари, за сите вас од посебен интерес е европската, односно балканската јагула, за чија судбина треба да одлучи денес нашата Партија. И никој друг!
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
- Неговата судбина треба да нѐ загрижи.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Заедно исти се наопаку да постават. Со таква судбина треба да се коле со заби.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)