Работава не напредува, си мислам, не само по вина на природата, зар може да биде вина тоа што е лето и што е земјата сува и горка, та тоа си е нормално, лето е и суша и тврдо е камен, а тоа е и предноста на еден ископан бунар, предност на бунар ископан во најголема суша, тоа значи дека во иднина ќе има вода во секоја сезона.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
На тие штички, тој род си ги запишувал родословијата, своите песни, приказни и слова за собитија вистинити и чудесни, истории за видни мажи, за подвизници, појава на опашести ѕвезди, големи потопи и поместувања на земјата, големи жетви и суши и уште многу важни собитија за еден род.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)