Подлизуркото падна на колена пред него и промрморе: „Тагата моја е рамна на твојата, оти во воспитуванието и уката што ѝ ја давав ја имав за ќерка своја.“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Па како да си прозбориме? Тој си ја крие тагата своја - јас си ја кријам тагата моја...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Облаци златокоси, дождови темнооки, Таги мои извишени, ноќи најглобоки, Што ми бегате штом ве иштам Дури лелекам, дури пиштам Од болки-додолки, од маки мартинки, Штом се стишам кога дишам Темното штом го рисам, За да светнам и да летнам, Како птица небесница, пеперуга златница Како миризлива стих-латица Како ѕвезда крилатица?
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)