Татко често ни велеше дека книгите вистински ни припаѓаат колку што ќе соумееме од нив да извлечеме живот, да откриваме нови излези во сегашноста и за иднината.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Дење и тато често ја земаше в раце и повеќе часови поминуваше со неа.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Татко често размислуваше за сложениот еврејски идентитет создаван најмногу во меандрите на егзилот, почнувајќи, според Стариот завет, од нивниот егзодус од Египет до нивната Ветена земја, од егзодот од Палестина, преку ропството под Римската Империја, прогонството од Шпанија, за централниот хебрејски јазик, но и за двата признати јазици на дијаспората јидиш на северните Ашкенази и јудеошпанскиот на јужните Сефарди.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Постојаните емиграции на Евреите ќе ја чуваат и зајакнуваат во нивната колективна имагинација и меморија вкоренетата сознајба во свеста за нивната изгубена родна земја.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко често запираше крај големите сенки на Аја Софија и разлетаните гулаби, небаре во отсутната молитва на минливоста да ги разлачи составните делови на измешаната балканска судбина, на неговиот албански и другите балкански народи: народи првин многубошци, па пагани, рисјани, муслимани, Евреи, преобраќани од една во друга вера и на крајот атеисти, апсолутни атеисти.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)