тело (имн.) - станува (гл.)

Асексуалното тело станува - скулптура.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Интеракцијата помеѓу компјутерот и човекот се одигрува без ставање во погон на телото.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тешкотијата при влегувањето зависи од компјутерот, а слободните движења на телото стануваат текст кој компјутерот го чита.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Утврдивме дека основниот расцеп во шизоидната личност е пукнатината што го оттргнува сопственото јас од телото: Јас/(тело-свет) Таквиот раскол го кине индивидуалното сопствено битие на две, на таков начин што јас-чувството станува лишено од телото, а телото станува средиште на системот на лажно јас.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Во меѓувреме, моето тело станува сè потешко и потешко.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Преку дословноста на она што таа го прави (мастурбација, научно покажување на цервиксот и сл.), нејзиното тело станува црна дупка во којашто имплодираат симболички значења.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Стегнатата рака при средба веќе не е перцепција на другото тело, туку формален чин, знак.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Семиотички гледано таа ја шири дистанцата помеѓу означениот и означителот обрнувајќи внимание токму на расчекорот меѓу нив, разбивајќи ја илузијата дека гледачите она што го гледаат го сметаат за природно.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Да, имате право, телото станува знак и слика, неговиот изглед делува како метафора за висината на банковната сметка и на крајот на краиштата за моќта на субјектот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Кога телото станува материјална потпора, субјект, содржина на уметноста, тоа ја задржува можноста да ги измени детерминираните и фиксни односи коишто некогашниот објективен статус на уметноста ги бараше во играта на субјективитети поставени и емитирани со телесни гестови, структури и односи.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Беспримерното постигнување на телото... во уметноста е визуелизирање на постојано изменливи, меѓусебно признавачки релации на моќ и потреба, внатре во измените на односот субјект/објект.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)