Нееднаквоста на моќта на субјектите, што се среќаваат и остваруваат поле на заемно делување, знае да биде плодна за настанок на толерантно однесување.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Трпеливоста кон другиот е луксуз на оној што нема страв за докажување на својата волја, поточно, на оној што знае дека со сигурност може да го брани својот идентитетен интегритет и да го докаже својот праг на толерантност секогаш кога непријатноста во однос на другиот ќе ја пречекори мерата на неговото трпение.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
При преведување со значенски нијанси на мошне богатата именка „толеранција“ во словенечкиот/македонскиот се потврдила скоро исклучиво само „стрпливост“.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)