Ќе се навали на една страна толпата и ќе се урне, ќе се скине.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Во последните две ноќи и во последните две разденувања, ни месечината ни сонцето не се запирале над толпата и брзале да бидат што подалеку од смртта на лутата крв што селанецот ја носи со себе од оној ден кога како глембаво новороденче ќе се стави на јачмена слама.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Преку ноќ чудовиштето можело да биде онакво какво што тој им го опишал но по ден тоа ќе се исплашело од темните влакнести лица.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Пеев во осама. Пеев и за толпите и за осамениците.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Тоа е некој чуден глас кој ме упатува да ја чујам, пред сè, пораката на точката, а потоа и на сè друго.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)