топлина (имн.) - кој (имн.)

Целиот бев опфатен со чувство на бескрајна среќа, и тогаш кучето и јас потрчавме кон некаква жолта топлина која зрачеше од некое неодредено место.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Сетилното студенило, интелектуалната страст на еротичката механика е во очигледна иронична спротивност со топлината која би требало да ја има Gioconda стокмена со мустаќи.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Ова чувство на премин - да се биде помеѓу состојби и оттука во самиот процес - посебно е очигледно за Бојсовото исклучително чувство за површина или текстура, различните „допири“ што ги поседува материјалот -мек или тврд, флуидно мазен или рапаво груб.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тоа беше влага со топлина која ми ја пекмезеше кожата на дланката на која секој дел ми подигруваше од наглото опуштање на внатрешната напнатост и ме тераше да ја движам раката напред и назад и потоа да ја затворам со постепено, нежно враќање на прстите, што веќе имаа допрено сосема назад и горе, на благо испупениот мост, таму каде што се спојуваат двата дела на задникот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Гледав во тоа искуство што сега беше огромно зажарено брдо, планината што ја испушташе вжештената топлина наоколу, а сите само се оддалечуваа од таа топлина која освојуваше сѐ повеќе и повеќе.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Бојс сакал да ги обвитка со постојана топлина, да ги лулка како бебиња, како што и самиот се обидувал со топлина да се заштити од внатрешната и надворе­шната болка.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
За него, текстурата веројатно укажувала на состојбата на топлина која е латентна во материјалот и која чека да биде ослободена со вајарскиот процес, па според тоа на животот му се нуди на располагање.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)