традиција (имн.) - во (предл.)

Опшноста во судбините наши ни го закрепи општото име Бугари уште до ослободувањето на Бугарија, коешто си остана по традиција во Македонија и по ослободувањето на првата.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тоа навистина создаде различна народна традиција во односот спрема Марка што се изрази и во народното творештво.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Татко ги замислуваше идните дискусии за индивидуализмот на Балканот од позиција на семејството според источната традиција во неколкувековниот период од отоманското османското владеење.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Како што ми зборуваше за тоа мојот менаџер само рече: - Мислам дека ова е мала црква и нема традиција во таа земја за инструмент каков што се оргулите. Да им се заблагодариме на поканата.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Додека анализата на Холанд коректно укажува на подобрувањата на оваа традиција во однос на онаа на емпиризмот, покритички приод за повеќето од философите коишто Холанд ги издвојува тука може да се најде во антологијата Музата што мисли.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Попрво, таа сака да согледаме (и тука таа јасно упатува на философите од англо-американската аналитичка традиција) дека постои традиција во философијата која е погостопримлива за феминист(к)ите, и таа сака да ги користиме креативно за нашите сопствени цели оние аспекти на херменевтичкиот, феноменолошкиот и деконструктивистичкиот приод коишто ги сметаме за okno.mk | Margina #1 [1994] 41 корисни.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Ласте Думбаровски беше тмурен мустаклија по потекло од старо битолско семејство со голема традиција во аптекарството уште од времето на Кралска Југославија.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во тој период од Даница Цветановска беше одбранета и првата докторска дисертација за животот и творештвото на Стојан Христов Фолклорната традиција во литературните дела на Стојан Христов.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Снопчиња сино полско цвеќе (им го заборавив името), прилично наконтени за своето потекло, ги дошминкуваат приодите до главните „ѕвезди“: бледите божури, кои ги нарекуваат „полски“, старомодните рози, вечерните јаглики...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Слугите биле префрлени во „дел заслуги“ во сутеренот, веднаш до кујната и визбата, што е уште еден важен прекин со дотогашната традиција во Англија ( а која ние сега ја прифаќаме како да постоела отсекогаш – во типично англиските крими-приказни, слугите се „долу“ и тука озборуваат, а горе, во холот, батлерот во бели ракавици ги најавува гостите аристократи).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во публиката се сместуваа видни луѓе од државата, но и важни луѓе од светот на текстилната индустрија која имаше неколку децениска традиција во Македонија.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Намерата да се обнови марксистичката традиција во постсоветската Москва е чин кој по ексцентричноста не заостанува зад Бренеровиот и Куликовиот „анти-интелигентен” егзибиционизам.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Со докторската диплома во пазува и кабинетот под клуч во џеб, со младата мајка и идната аптекарка дома, со стариот татко во родниот град и сиот товар од авторитетот на традицијата во лекарската професија - се впушти Миха во оној метеж од брзак што се вика општествена афирмација.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И амбасадорот Луан Старова е еден од највпечатливите примери на таа благородна традиција во светот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Нашата хрватска културна традиција во тој поглед е страотно празна.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Така, како што, во духот на традицијата во семејството, на рожбите им дававме неутрални имиња, немаше причини сега така да не биде и со козата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тоа е една особена книжевна традиција во англосаксонскиот свет во која се испреплетуваат чудесното и возвишеното, ужасното и суптилното, убавото и грдото.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)