Одејќи долу по Сребринската улица го пречека Анда Шојов и го праша што направија чорбаџиите (Андон беше момак у Влајка Лазев).
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Во улиците го нема она довикување по муштериите, а колку се оди кон пристаништето, нечистотијата и правот се зголемуваат, како и во секое пристаниште во светот.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Гледам, навистина, веќе на улица го исфрлиле.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Неколку дена по добивањето на писмото, на улица го сретнав средниот син на стрико Бојан Дамански, Масим и со радост му кажав за писмото што ми го пратил стрико Бојан, со кое ми се јавува по една година од кој знае кое делче од светот, од кој знае кое ќоше од светот.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Утредента солуњаните на улица го препознаваа, се вртеа да се уверат дали навистина тој е тој и повеќепати поединци застануваа, му се загледуваа в лице и му велеа, Еј, синоќа ве видов на телевизија!
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Дознавајќи за тоа, жандармите влегле во станот, го фатиле бегалецот, во приземјето го убиле и потоа на улицата го изрешетале со пушки и револвери.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Младиот господин си замина. Дамите ја земаа надокнадата со очигледно олеснување, шоферот се врати во автомобилот и продолжи понатаму со огромна брзина, а неколку појаки мажи од улицата го враќаа коњот и чезата во нормална позиција живо разговарајќи.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Веселите студенти го крстија Наполеон, и улицата го прифати името и ги искриви во Наполјон.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Во улицата го знаеја под името Белчо.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
А улицата го живееше своето секојдневие.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Само се слушаше далечен шум на вода од дебелите црева, со кои мијачите на улици го чистеа булеварот Партизански одреди.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Широки двонасочни улици го пресечуваат од север спрема југоисток.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
А улицата го живееше своето секојдневме.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
На улица го сретна момчето. „Не те сакам“ – му дошепна наместо поздрав. Му го скрши срцето.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Широк Сокак е приказна за себе. Така се вика главната улица по која сега зачекорив, односно така сѐ уште ја викаат битолчани, по навика или од некоја стара севда, иако званично улицата го носи името на Маршал Тито.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
„Одев во колеЏ, дипломирав, предавав во средно училиште за да го избегнам Вијетнам, но главно скитав, до 1972-та кога како излез од слепата улица го запишав курсот за пишување на Универзитетот во Ајова и почнав да пишувам куси раскази.“
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Ги објавил романите Музика на вода (1982), Проспекти во пупки (1984), Крај на светот (1987) за кој ја добива Фокнеровата награда, и романот Исток е исток (1989).
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Првиот расказ го има објавено 1975-та во списанието Esquire (“Срцето на шампионот”), а неговиот расказ “Симнување на човекот” му ја донесе тутулата на херој на подземјето, продолжувач на раните експерименти на Барт, Пинчон и Т. Робинс.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)