Улицата ја зафаќаше џагорење кое се збираше од попатните сокаци, од вратите и прозорците на овие остарени куќи, нагмечени од двете страни на улицата.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Од ѕвездите и чуварот ноќен Гласот го обојува утрински Телефонирајќи здодевно И бесцелно за да го успори чекорот Оттргнувајќи го погледот од улицата Ја пресоблекува влажната кожа Ја везе со усвитениот знак на плотта И ја слуша песната на петелот Вивната во крвоскок до небеса
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)
Место него улицата ја посетуваше груб и ќелав полициски агент со очи-копчиња впиени во прозорецот со чипкени завеси.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Само што не го чу бесното удирање на копитото по плочникот, само што не ги виде наведнатите рогови, остри како шило и крваво–зеленкастата слина што капејќи низ улиците ја остава трагата на јароста и суровото господарство.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)