И, додека сватовите ја полнеа куќата, комшиите ја полнеа улицата и се редеа по групи (кој со кого зборува и си има муабет, нели), па така, по двајца или по тројца во група, стрпливо чекаа да видат како ќе биде стокмена невестата и дали по нешто ќе се разликува, зашто мајка ѝ веќе беше раскажала по цела улица дека „ќерка ѝ ќе оди во град“ и ќе се мажи за некој што во куќата има мебел од некој што не знае како се вика (Луј ли, Муј ли, 15-ти, 16-ти... така некако).
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Разбрав потоа од лица што виделе убивање и уапсени на улица дека еден офицер ги обиколувал улиците околу 5 часот и забранувал убивање или тепање на фатените затвореници, наредувајќи оружјето да се употребува само против тие што даваат отпор со оружје или со бомби.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)