Како беше да беше, ги пренесоа преку море и тие се најдоа на азискиот брег на Босфорот.    – Е, сега сме веќе навистина во вит-виделија, преку сино море – и почнаа жените да се жалат.    – Враќање оттука – здравје да имаме! – изусти Сирма и умот отиде во петгодишното синче Ангелета што и го остави на бабата Велика.
               
             
           
            
            
              „Калеш Анѓа“
               од Стале Попов 
              (1958)