уметност (имн.) - треба (гл.)

Уметноста за него била средство за преправање на телото и сликата за себе која зависи од телото - и на тој начин да ја преправи уметноста, повторно да ја вкорени во телото.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Истакнувајќи ја природата како врвен систем на организација на сето постоечко, во чии рамки функционираат нему толку милите и блиски принципи на случајност, неинтенционалност, ненасоченост, промена, повеќеслојност и меѓусебна проникнатост, Кејџ дојде до ставот дека во уметноста е можно да се повлече паралела со природата во начинот на нејзиното делување и дека уметноста треба да ги следи тие принципи, бидејќи единствено така може да стане дел од таа иста природа и животот, кој е инаку нејзина највисока цел и барање.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сите овие квалитети, иако неартикулирани, Кејџ ги наоѓаше во природата, во нејзиниот начин на функционирање.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кога вајарот го претвора каменот во тело, или кога сликарот го изразува телото како сплесната слика, тие секогаш се држат до сопственото физичко доживување, до своето интимно поимање дека се тело, од каде што неминовно следи чувството дека се личност, како што Фројд го формулирал тоа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Групата Зеро ја исфрлаше својата уметност без големи претензии што таа уметност треба да претставува и колку таа уметност вреди во структурите на било кој систем на вредности.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Во идеален случај уметноста треба да се слее во животот, сфатен како космички природен процес, и изгледа во тој правец треба да се бара смислата на Кејџовиот натурализам. 36 Margina #10 [1995] | okno.mk jazi~na poezija - partitura 3 Кејџовата употреба на јазикот е проследена со анархичност, споена со обидот во него да се внесе нешто од конкретноста и ликовноста на Кинеското писмо.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
При своето повторно одење на Black Mountain колеџот, Кејџ со Роберт Раушенберг, Марс Канингем, Дејвид Тјудор, Пол Вилијамс, М. С. Ричардс и со уште неколкумина пријатели го организираше својот прв хепенинг.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Уметноста требало да биде радијантен симбол на топлината на телата. (Како момче од шест години, 1927 г.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)