управа (имн.) - на (предл.)

Се најде со некои познати прилепчани и дојде до управата на тамошната гимназија, која во тоа време беше сосема малку посетена.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Началникот ја извади големата книга за заповеди и почна да чита: - „За пишување на навредливи и анонимни писма, Управата на военото училиште, ги исклучува јункерите...“
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Утредента началникот дополнително прочита: „Заедно со исклучените, како социјалист, се исклучува и јункерот Ѓорѓи Делчев.“
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Каравлашко не може рамнодушно да гледа на засилувањето на Бугарија со давањето автономна управа на Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Интелигенцијата не само на другите македонски народности, ами и на самите Македонски Словени беше без учество во управата на комитетот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Единаесет души, единаесет кораби на немирното море на гревот и самољубието, кораби без кормилар што бесцелно пловат, под управата на гревот!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но, лицето на отец Стефан, и покрај тоа што и јас пристапив под управа на гревот, не беше задоволно.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
1. Ни јавија да појдеме во главната управа на НКВДЕ.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ги повикаа преку здружната разгласна станица во управата на Задругата, нив двајца, него и Дука, а гласот на задружниот курир се изгуби тупо меѓу куќите, приклекнати под тешкиот снег.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ги задржа, ги излачи во Управата на Задругата, сите оние, што можеа само да играат по неговата писка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Проклетство”, помислува 45-годишниот советник на воената управа на Егејот, „треба одново да се навлекува онаа маска од добронамерност, тој сигурно влече делегација од Чифути со себе”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Таа треба да ги исправи војничките глупости на Гетстапо и на СС кои направија вистински дар-мар, го организира она беспотребно злоставување на Евреите од градот под образложение дека се работи за претходна дисциплинска мерка.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Месец два како да траеше зимата, југот што не можеше да се види, туку само да се насети, топлина распосла насекаде и токму затоа Пелагија ја пронајде управата на шумското и набргу се најде на падините на Водно како копа дупки за нови садници заедно со Танаско, со синот на Борис Биџов, со други бегалци а и со по некој Циган и Шиптар.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Оти ноќе, старите полицајци (така ги викам) иако дедо ми се лути и вели дека е поправнилно да ги нарекувам Удбаши, според името УДБА што е кратенка за некогашната Управа на државна безбедност каде што работеле по војната), раскажува необични случки, потсетувајќи се на своите млади години, разгледуваат стари фотографии на кои дедо ми беше облечен во кожен мантил, имаше многу густи и црни мустаќи и изгледаше необично строго.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
А што друго можеше и да се очекува, освен да се освести од сопствените блујаници на затворскиот нужник за клечење, кога мртов пијан од бруцошка матежина на доточка и првоток се качил на маса во студентската менза и држел говор - за сѐ и сешто, од прадедо му знаменосец на Мечкина Дупка до дедо му роготрубач на Зајчев Рид, од вујко му рудар во Аргентина до стрико му говедар во Патагонија, ниеден од оваа власт слезена од планините, ниеден од неговото планинско село да е член барем во Управата на спелеолошкото друштво ако не во управата на филателистите. На Републикава, да ја ебам.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Нејзините надежи и делумно ќе се исполнат, кога Татко, сплеткан во витлите на Големата војна, најверојатно жртва на хасмата*во родниот Подградец, работејќи во еден период како преведувач по француски јазик и инспектор на училиштата на албански јазик (според записи на легендарниот поетот од Подградец Ласгуш Порадеци), под управа на француската администрација, по наговор на командантот на француската окупациона зона Едуард Огист Иполит Мортје ќе се најде, по тајни патишта, во цветот на младоста, во Истанбул за да учи за кадија, крај својот вујко Али Фетхи-беј, во времето на најжестоките борби за создавање на нова Турција, по целосниот распад на Османската империја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
По ова, откако Кукулев увидува дека работите не се движат во посакуваната насока кон нивно подобрување и ситуацијата станува прилично усложнета и алармантна – се решава, директно, по судски пат да си ги заштити своите работнички права, без да се обрати до Трудовата инспекција.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тој прво, со управата на радиото, се обидува спорот да го реши спогодбено – вонсудски и со мирни средства.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но во студено време, кога запалив трески да се греам, ме открија и ме викнаа во управата на гробиштата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Потоа ѝ пристигна друго писмо испратено од Управата на гробиштата во Бристол, во Англија, адресирано на Илко во кое се бара изјава од него да каже дали сака и понатаму да му се чува парцелата во гробиштата што своевремено со госпоѓата Ана, сега покојна, ја закупија, бидејќи времето на договорот за чување на парцелата, е изминато.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)