уста (имн.) - мој (прид.)

Сакав да му кажам за сподобието грозно што дело на рацете мои, на Лествичникот и на трговецот од Дамас беше; сакав да го известам, но од устата моја глас не излезе.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Од разлози такви и име добив од отците овде, кои Иларион Сказник ме нарекоа, штом проговореа устата моја и јазикот мој, шестмесечен уште.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Гласот“, изустив, како од устата моја двајца да говорат и да се согласуваат со Филозофот: јас и отец Стефан.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Но“, реков јас, повторно како во устата моја да беше всаден јазикот на Стефана Лествичник, „гласовите немаат значење.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Нека се умножат веселбите во Израилот, а воздишките нека бегаат!“
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Нека се залепи јазикот мој за устата моја ако тебе не те запаметам, ако не го извишам Ерусалим на врвот од својата веселба.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Збор од устата моја таа не чу. Ни црна ни бела.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
И го прегрнувам срчето, го кревам, го бацувам. И, кр, кр, кр, ми прави устинката негова на устата моја.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)