учител (имн.) - по (предл.)

Моето организирано кино-доживување го паметам и по шлаканицата што ја добив од учителот по математика во основното училиште кој, за време на проекцијата, се проектираше во редар.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Па така, кога учителот по ликовно образование ќе почнеше да ги прегледува, секогаш наидуваше на идентични цртежи кај различни ученици.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Мерџанов да се заземе пред Егзархијата за да се назначат учители по македонски градови така како што предлага ЦК, се јавил сериозен спор што бил од принципиелен карактер по прашањето за односите меѓу атентаторите и ЦК на МРО.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Сосем случајно: младиот Аполинер, за да заработи за живот, работеше во Германија како учител по француски на децата на една грофица и од таму праќаше дописи за неделникот European.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
МАТЕЈ: Ти си го прашал учителот по веронаука дали господ може да направи камен толку тежок да не може да го крене.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)