фонд (имн.) - за (предл.)

Можеме да започнеме со насловите во весниците, со жалопојските во уводниците и во контакт- емисиите: дека нашиот едукативен систем се распаѓа; дека нашите студенти се сѐ помалку способни да ги читаат и разбираат зададените текстови; дека tag-line комуникациите, од некои наречени “bite speak”, ги уништи последните остатоци од дискурс во нашиот јавен и политички живот и од инстант- докторите и медиумските консултанти направи наши нови шамани; дека додека комуникациската империја се бореше за глобална хегемонија, издаваштвото падна под власта на „нултото салдо“, и дека ерата на „моќни трендови“ е пред нас; дека фондовите за уметност се кратат на сите страни, додека самата уметност изгледа преживува длабока криза на безначајност - и така натаму.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Како позначајни промени во работничките права на странските работници во периодот 2010-2014 можеме да ги утврдиме: бришењето на експлицитната обврска странецот заедно со барањето да достави и деловен план за подобност од самовработување, каде што ќе биде приложена инвестиционата и економската придобивка за државата, бројот на нови вработувања, како и доказ за расположливите фондови за реализација на активноста; за да биде издадена нова работна дозвола, странскиот преместен работник дополнително се задолжува да достави доказ дека за него се подмирени сите давачки кај работодавачот каде бил претходно работно ангажиран; се утврди временски рок од 5 дена за издавање, продолжување и одземање на работните дозволи и сертификати по поднесувањето на барањето за работна дозвола; се отвори можност за странецот барањето за издавање на работна дозвола да го поднесе и во АВРМ.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Голем број промени претрпеа и одредбите што се однесуваат на доделувањето неповратни средства од Посебниот фонд за вработување на инвалидни лица.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
22.  До денес (март 2010) не е донесен закон кој ја регулира материјата за т.н. „најниска плата“, а оваа материја не е регулирана ниту со Општиот колективен договор за 32 која гарантираше исплата на плати и тогаш кога средствата за лични доходи и заедничка потрошувачка на организацијата и средствата од резервите не се доволни за целосно измирување на загарантираниот личен доход – и тоа преку користење на позајмица од фондот за заеднички резерви на општината, Републичкиот фонд за заеднички резерви, општинскиот и републичкиот буџет (чл. 35, ЗРО/90) – при што исплатата, по барање на работодавецот, ја вршеше тогашната Служба за општествено- книговодствени работи, денес позната како Управа за јавни приходи; б) во 1995 беше укината одредбата дека платите се исплаќаат најдоцна до 15-ти следниот месец (чл. 1, ЗИДЗРО/95).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Веќе година и пол се борам да се создаде меѓународен фонд за решавање на тој проблем.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Една од работите кои се укинаа во 2001, беа одредбите кои го регули- раа начинот на пресметка и исплата на плати на работници кај правно лице кое покажува загуба, а кои се исплаќаа најмногу во висина од 90% од предвиденото право со законот од 1994 година (оваа одредба не се однесува на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Заводот за вработување и Фондот за здравствено осигурување) (чл. 7).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)