Колку што настојуваше генерално да го согледа текот на настаните во светлината на ангажманот на Европската унија и САД, заплашена тие да не се претворат во војна како претходно во Босна, Хрватска и Косово, таа беше силно внесена и вникната во мојата судбина како човек и писател на една балканска семејна хроника во текот на XX век.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
На Закинтос, се сеќава Карер на толкувањето на татко му, тие односи отсекогаш биле толку блиски што зад ѕидовите на еврејското маало живееле не само јудејски, туку и православни грчки семејства.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Како што ќе се види подоцна, во семејната хроника во егзил, овие два предмета си го оправдаа своето место во чунот, на местото на предвидените Таткови книги.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Поетот не успева, но го посејува семето на заедништвото, на отворениот простор, така што ѕидовите на обградениот еврејски дел од градот сепак се урнати, дури век подоцна, по иницијатива на еден од неговите претходници - ја реконструира Карер локалната хроника во себе - во времето кога островот се присоединува кон Грција. „Островот ли ги зближува луѓето”, по којзнае кој пат се запраша Лука Карер.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Се разбира дипломатскиот балет е необична синтагма, но никогаш не сум помислувала дотогаш колку е смешна нејзината конотација во контекстот што го означува.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)