цевка (имн.) - и (сврз.)

Во тоа време јузбашијата им ја пренесе на аскерот наредбата за ќотекот и овој ги грабна пушките за цевки и се втури во купчето народ, та почна немилосрдно да мава каде што ќе му се згодеше. Со плач и пискотници се разбегаа жени, деца, луѓе и на сретселото останаа само тепаните.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Претепаните ги одвлечка аскерот во авурот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„... Потоа отидов во котларницата каде што ја имав скриено пушката, ја наполнив, ставив фишек во цевката и со пушката откочена, на готовс, тргнав кон канцеларијата на директорот со пушката пак во најлонската вреќа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Што се однесува до индуктивниот поглед врз светот на разнообразните нешта, кој татко ми, како што реков, ми го всади порано и подобро од сите професори – него го користам често, некогаш и не сакајќи - на пример, кога минувам по улици и ...уште една згазена мачка од синоќа – малолетните камиказе возачи станаа сообраќаен терор – нормално кога улиците се претесни – урбанистите пред десетина години не мислеа дека градот сосе сообраќајот толку ќе нарасне – метро?, но подземјето на градот е преполно со цевки и жици...итн. или...во центарот на градот, во паркчето меѓу градските кули, додека мирно си седам на клупата, нешто остро ме пецнува по левата нога – од некој кат, од некоја од околните висококатници, некое дете пукало со воздушна пушка во мене – децата некогаш гаѓаа врапчиња, а сега луѓе – нормално, сѐ подоцна легнуваат, сѐ подолго го преспиваат денот, а кога ќе се разбудат, се нервозни и лути – а што ако наместо во нога ме погодеа во око, кој ќе ми помогнеше? – зошто ниедна влада во оваа држава не го регулира ноќе времето до кога малолетниците можат да останат во кафулиња – итн...итн...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Дури кога белата точка на излезот сосема избледнува, Павле си ги доближува устите до отворот на воздушната цевка и провлечено вика: - Колку е часот?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ќе чукнеш, вели, на цевката и ќе го потпреш лонче-то.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Потскокнуваше при секое негово пукање, а на крајот, кога тој удри во празната цевка и кога остана преклонет, со пушката, исто како и со празни раце, мечката пак мирно се сврте кон топлото месо на јарчето, го собра со своите шепи од снегот, и замина напреку, оддалечувајќи се.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Да не имаат децата нешто опасно надвор.“ „Ништо освен цевки и чекан. Зошто?“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)