Вчеравечер уште беше рано Низ калдрми тргнав пеш по градот Та здогледав едно купче збрано Деца, кај цртаат плочка Недалеку од плоштадот Ме понесе патот кон чаршија На мостот лошо реконструиран Човек ко мене пензиониран со жената стојат од каршија Ги поздравив и ми возвратија А кучиња скитници пријателски До следниот мост ме испратија
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Во гратчето го нарекоа Луда Мара, зашто знаеше и да им ги поплави дуќаните на занаетчиите и магазините на трговците, во чаршијата на двата брега од реката.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Чаршијата на свој начин го задеваше и улаво му го изопачуваше јазикот.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Се чудеше чаршијата на чудото Божје, се чудеше на Божјата благодат, зашто такво нешто нема да проговори, глува да прослуша, не беа ни чуле ни виделе.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)